Марк Гасол ќе ги промени клупските бои пред самиот истек на преодниот рок во НБА-лигата, откако Мемфис се согласи да го испрати шпанскиот репрезентативец во Торонто.
Во трката за Гасол беа уште неколку клубови, но „гризлите“ на крајот се согласија да ја прифатат понудата на Торонто, која ги содржи Валанциунас, Рајт и Мајлс, како и пик од втората рунда од драфтот во 2024 година.
34-Годишниот Гасол сезонава во просек постигнува по 15,7 поени и 8,6 скокови по натпревар.
Мемфис продолжува со ремонтот во своите редови, па „гризлите“ вечерва направија уште еден „трејд“, испраќајќи ги Темпл и Грин во ЛА клиперс во замена за Ејвери Бредли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

