Англискиот премиерлигаш Саутемптон потпиша тригодишен договор со менаџерот Марк Хјуз. Тој дојде во текот на изминатата сезона како наследник на Маурицио Пелегрино, успеа да ги спаси „светците“ од испаѓање, па раководството на клубот му понуди договор до 2021 година, што Марк Хјуз го потпиша без размислување.
„Добив понуда за подолгорочен договор и мислам дека ја направив вистинската одлука. Сакам да работам во Саутемптон, и се надевам дека во наредниот период на фановите ќе им приредиме многу поубави моменти. Можам да ветам напорна работа на секој тренинг и беспоштедна битка на тимот на секој натпревар“, изјави Марк Хјуз по потпишувањето на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА