Марк Кевендиш бил нападнат од вооружени лица во својот дом

Еден од најдобрите спринтери на сите времиња, Марк Кевендиш заедно со неговото семејство биле нападнати од четири вооружени лица во текот на грабежот на неговата куќа на 27. ноември.

Веста дури сега стигна до јавноста, а Кевендиш наведе дека на неговите деца, сопругата и тој напаѓачите им се заканувале со ножеви, а еден од напаѓачите го нападнал. Полицијата наведе дека ниту еден од членовите на семејството не е повреден.

„Целото семејство беше многу вознемирено од инцидентот, не само Петра и јас туку и нашите деца. Беа уплашени за своите животи и се уште имаме последици од тоа. Никој не треба да доживее вакво искуство“, изјави Кевендиш. 

Се вчитува...