Марк Кевендиш испиша историја на Тур де Франс (ВИДЕО)

Британскиот велосипедист, Марк Кевендиш триумфираше на 13. етапа на Тур де Франс која се возеше од Ним до Каркасон со должина од 219 километри.

Ова за возачот на Квик-степ беше вкупно 34 победа на трката низ Франција со која се израмни на вечната листа со легендарниот Еди Меркс по бројот на добиени етапи на најпрестижната велосипедска трка во светот.

Марк Кевендиш е убедлив во пласманот за зелената маица. Во генералниот пласман лидер е минатогодишниот победник, Словенецот, Тадеј Погачар.

 

 

Се вчитува...