Доминацијата на Марк Маркес на спринт-трките од Мото ГП шампионатот продолжи и на денешното натпреварување во Брно, каде шпанскиот ас во голем стил стигна до победата, добивјаќи ја битката со Педро Акоста. За Маркес ова беше 11. победа на 12. спринт трка сезонава во Мото ГП шампионатот, јасен доказ за недопирливоста на Шпанецот во однос на ривалите.
Само неколку часа претходно Маркес имаше шокантен пад во квалификациите за пол-позицијата за утрешната трка, но тоа не му пречеше на возачот на Дукати да се покаже во вистинско светло на денешниот спринт. Тој имаше грешка кога кон средина на трката му дозволи на Педро Акоста да излезе на чело на колоната, но Маркес успеа да се врати, на два круга до крајот го мина Акоста и заслужено стигна до победата.
Акоста на крајот мораше да се задоволи со второто место пред Бастијанини и Бецеки, а голем „губитник“ на оваа трка e Бањаја, кој половина трка беше на второто место веднаш зад Маркес, но поради проблеми со моторот на крај ја освои само седмата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

