Марк Маркес е посебна димензија, шампионот триумфираше и во Австралија (ВИДЕО)

Марк Маркес ја оствари петтата последовна победа во Мото ГП шампионатот со тирумфот на трката за Големата награда на Австралија. За Шпанецот е е 11-ти сезонски тирумф, а 81 во кариерата. За победата на „Филип Ајленд“, Маркес го помина Маверик Винаљес во последниот круг, но тоа не беше крај на драмата.

Винаљес направи голема грешка и немаше ниту место на подиумот. Второпласиран заврши Кал Крачлоу, а третото место му припадна на домашниот возач, Џек Милер што предизвика еуфирија кај публиката.

Марк Маркес титулата ја обезбеди уште на трката во Тајланд, на две натпреварувања пред крајот на сезоната има 375 бода, 135 повеќе од Довициозо. Следната Мото ГП трка е веќе наредниот викенд за Големата награда на Малезија на „Сепанг“.

 

 

 

Се вчитува...