Марк Маркес во вторник оди на операција на раката

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркес кој излета на денешната Мото ГП трка за Големата награда на Шпанија и заработи скршеница на раката, во вторник ќе замине на операција за санирање на повредата. Вели дека ќе се врати уште посилен и се надева дека нема да пропушти голем дел од шампионатот.

„Некогаш работите не се одвиваат како што сте очекувале, но мора да станете и да продолжите понатаму. Се надевам дека сите ќе уживаме во враќањето. Сега е време да заминам на операција. Во вторник ќе биде санирана повредата на раката. Ветувам дека ќе се вратам во најбрз можен рок и посилен од било кога“, порача Марк Маркес.

 

Се вчитува...