Шесткратниот првак во Мото ГП шампионатот Марк Маркез, доби „зелено светло“ да почне со интензивни тренинзи, соопшти денеска неговиот тим Репсол Хонда.
Маркез во 2020 година за време на трката за ГН на Шпанија, ја скрши десната рака, со што следуваа четири операции, последен пат на почетокот на јуни.
29-годишниот Шпанец го мина главниот лекарски преглед и доби дозвола да ги интензивира тренинзите, да зголеми тежина на своите тренинзи и да воведе разни вежби во својата рутина. Договорено е да почне да тренира на мотоцикл за да се процени состојбата со неговата рака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА