Марк Маркез на доминантен начин стигна до нова пол-позиција сезонава во Мото ГП шампионатот, откако издоминира во квалификациите за Големата награда на Германија.
На патеката Саксенринг Марк ја освои пол-позицијата пред Жоан Зарко на Хонда, а од првиот ред ќе тргне и Марко Безеки на Априлија. Алекс Маркез заврши на шестото место, додекаФранческо Бањаја имаше катастрофални квалификации завршувајќи на 11. позиција.
Спринт трката е закажана за денеска со почеток во 15 часот, додека главната трка ќе се вози утре со почеток од 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

