Актуелниот првак во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез, стигна до првата победа во новата сезона, и тоа на патеката каде што не знае да загуби, во Остин. Иако поради казна стартуваше од четвртата позиција, сепак, на крајот успеа да стигне до триумф. Тоа е шеста победа за Маркез во Остин во исто толку настапи.
Маверик Вињаљес, кој стартуваше од пол-позицијата, го освои второто место на оваа трка, додека на подиумот имапе место и за Андреа Јаноне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА