Марк Маркез го надмина легендарниот Мик Дуан

Мотоциклистот на Репсол Хонда, Марк Маркез, ја освои пол – позицијата на трката за Големата награда на Австрија, во Мото ГП шампионатот. Со тоа и постави нов рекорд. За него ова е 59. пол – позиција во „кралската“ класа, надминувајќи го досегашното остварување на легендарниот Мик Дуан.

Зад Маркез на денешните квалификации се најде Квартараро, а од третата позиција ќе стартува Андреа Довициозо.

Се вчитува...