Марк Маркез најбрз во Холандија, Алекс Маркез скрши рака

Возачот на Дукати, Марк Маркез, е победник на денешната трка за Големата награда на Холандија во Мото ГП, зголемувајќи ја својата предност во генералниот пласман.

Марк Маркез забележа вкупно 94 победи во сите категории на патеката во Асен, а пред него се само Италијанците Џакомо Агостини (122 победи) и Валентино Роси (115).

Ова е шеста победа на Марк Маркез во главната трка оваа сезона, заедно со девет победи во спринтот.

Второто место го освои возачот на Априлија, Марко Бечеки, додека Франческо Бањаја од Дукати ја помина целта на третото место.

Трката беше нарушена од инцидент во шестиот круг помеѓу Алекс Маркез (Гресини Рејсинг) и Педро Акоста од КТМ, по што помладиот од браќата Маркез доби скршеница на левата рака.

Се вчитува...