Марк Маркез нема да вози ниту во Валенсија

Продолжуваат проблемите за Марк Маркез. Повеќекратниот шампион на светот во Мото ГП, нема да вози ниту на последната трка во годинашниот шампионат која ќе се одржи во Валенсија.

Овојпат причината е проблемот со видот, поради кој мораше да ја посети клиниката во Барселона. Таму е утврдено дека има проблем со диплопија, односно гледа двојна слика со едното око.

„Марк има парализа на четвртиот нерв на десниот очен мускул. Се одлучивме за терапија и верувам дека наскоро ќе имаме добри вести. Истиот нерв беше проблем и во 2011 година“, изјави директорот Санчез Далма. 

Маркез годинава се врати во шампионат по повредата поради која ја пропушти целата мината сезона. На крајот не беше конкурентен за титулата, но и покрај тоа успеа да забележи три триумфи.

 

Се вчитува...