Марк Маркез победник на спринт-трката на Саксенринг

Марк Маркез е победник на спринт трката за големата награда на Германија која се возеше на патеката Саксенринг.

Шпанецот иако лошо стартуваше и по само еден круг беше на шестото место, успеа да се врати и во последниот круг да го помине Марко Безеки на Априлија кој го освои второто место.

Подиумот го надополни Фабио Квартараро на Јамаха. Алекс Маркез го освои 8. место, додека Бањаја повторно доживеа катастрофа завршувајќи на 12. позиција.

Се вчитува...