Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез веројатно ќе мора да оди на трета операција, пренесуваат шпанските медиуми. Маркез се повреди на првата трка во годинашниот шампионат во Херез. По трката замина на операција на надлактот на раката, а веќе следниот викенд се обиде да се врати на патеката.
Сепак, се испостави дека не може да вози па мораше да замине и на втора операција, по која единствена паметна одлука беше да се пропушти целата сезона. Сите веруваат дека Марк ќе биде подготвен за новата сезона, но се уште не е сигурно дали ќе настапи уште на првата трка во Катар. Маркез би можел да замине и на трета операција бидејќи коската на надлактот не е во добра состојба.
Очекува да се види што ќе се случува со одличниот Шпанец и дали ќе биде подготвен за трката за големата награда на Катар со која почнува сезоната 2021 во Мото ГП шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА