Волфсбург изминатава сезона избори пласман во Лигата на шампионите, но потоа тренерот Оливер Гласнер го напушти клубот. Гласнер ги изненади челниците на клубот со информацијата дека го напушта тимот, откако доби понуда од Ајнтрахт Франкфурт која одлучил да ја прифати.
Па, Волфсбург експресно реагираше и официјално денеска го потврди Марк ван Бомел како свој нов тренер.
44-годишниот холандски тренер со Волфсбург потпиша двегодишен договор.
„Ван Бомел одлично се вклопува во филозофијата на клубот, знае што од него се очекува во Бундеслигата и во европските натпреварувања. Има огромна амбиција, па веруваме дека заедно ќе славиме идни успеси“ – соопштија од Волфсбург.
Поранешниот фудбалер на Барселона и Баерн кариерата ја заврши пред осум година во дресот на ПСВ. Потоа беше помошник во кадетската селекција на Холандија, а во досегашната тренерска кариера беше помошник во репрезентациите на Саудиска Арабија и Австралија, а нешто повеќе од една година го водеше и ПСЖ напуштајќи го во 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА