Марк Вебер евентуално враќање на Фернандо Алонсо во Формула 1 го смета за тотално бесмислено затоа што Шпанецот нема да има можност да се бори за пиедестал.
Алонсо се спомнува како нов возач на Рено во 2021 година место Даниеле Рикиардо, но прашање е колку францускиот тим може да ги исполни очекувањата на двократниот светски шампион.
„Знам дека Фернандо е одличе, но повеќе не е на врвот. Ќе му биде тешко да биде ист како од минатото. Не гледам екипа за него која би можела да му понуди борба за титула“ – вели Вебер, и дополнува:
„Дали ќе биде лојален на новиот режим и ќе потпише договор на две или три години? Дали има смисла? Не велам дека не би можел, но би му било крајно тешко да остане мотивиран две или три години а да биде онака просечен и подпросечен во Формула 1“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА