Шпанска „Марка“ на својата насловна страница носи информација и за дефинитивен договор на Лука Јовиќ со Реал Мадрид од јунскиот преоден рок.
Наспроти бројните европски гиганти кои ги посакуваат услугите на Јовиќ, „Марка“ тврди дека веќе е постигнат договор со „кралевите“, па српскиот репрезентативец од ова лето ќе биде новата деветка на Реал Мадрид.
Tomorrow’s Marca – “JOVIC IS THE NUMBER NINE” – Marca claim that Luka Jovic is Real Madrid’s number one target to bolster their attack this summer. He would cost €70m if he was to leave Eintracht Frankfurt. The 21-year old Serbian has 25 goals this season pic.twitter.com/rxmzLx3kBh
— Jonas Giæver (@CheGiaevara) April 13, 2019
21-годишниот српски напаѓач моментално е фудбалер на Бенфика, но на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт во чии редови сезонава има 25 голови во 39 настапи. Шпанскиот весник тврди дека желба и на самиот Јовиќ била да продолжи во редовите на Реал Мадрид, поради што се одбиени понудите на Манчестер сити, Јувентус и останатите европски клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА