Шпанскиот гигант Реал Мадрид го договорил трансферот на Еден Азар, открива „Марка“. Влијателниот шпански медиум важи за близок до „кралскиот клуб“ и најчесто има точни информации, а тврди дека Белгиецот на лето ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Тренерот Зинедин Зидан по враќањето во Мадрид доби одврзани раце од Флорентино Перез за да формира нов тим по завршувањето на сезоната, а Азар е негова дамнешна желба. Преговорите се веќе завршени и се очекува летниот преоден рок за обзнанување на трансферот.
Челси ќе добие 100 милиони евра отштета, а Еден Азар петгодишен договор со Реал Мадрид. Личните услови за фудбалерот засега не се обелоденети во јавноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА