„Марка“: По заминувањето на Модриќ, Реал Мадрид би можел да заработи милијарди евра

Килијан Мбапе е подготвен за ново поглавје во својата кариера, носејќи го култниот дрес со број 10 во претстојната сезона 2025/26. По брилијантната прва година во Мадрид, францускиот напаѓач ќе го замени својот број девет со бројот што го славеше и до неодамна го носеше великанот на клубот Лука Модриќ, потврди угледниот шпански весник „Марка“ пред три дена.

Дури и тогаш, Шпанците зборуваа за голем и важен маркетиншки потег, а потоа објавија статија за големите детали поврзани со продажбата на дресовите на Мбапе. Според најавите и проекциите, бројот десет на Мбапе би можел да биде еден од најпродаваните дресови во историјата на фудбалот.

„На клупско ниво, Мбапе го носеше бројот десет само на последните натпревари за Монако и во помладите категории. Но, овој потег не е само за бројот на дресот, туку означува и нова хиерархија во соблекувалната на Реал. Бројот 9 сега е слободен и чека нов сопственик. Тој веќе беше празен во текот на сезоната 2023/24, по заминувањето на Карим Бензема, и повторно се нуди како опција за блиска иднина“, пишува Марка.

Во вториот дел од текстот се дадени конкретни бројки што го тераат Реал да ги трие рацете.

„Оваа промена има и огромна комерцијална вредност, најавувајќи нов бран маркетинг во „кралскиот клуб“.

Дресовите со името на Мбапе и бројот 10 наскоро ќе бидат достапни во официјалните продавници, и сè укажува на фактот дека тие ќе станат еден од најбараните артикли во сезоната.

Се вчитува...