Марка тврди: Роналдо нема да игра на Суперкупот во Скопје!

Шпанска „Марка“ во денешното свое издание го пренесува планот на подготовките за Реал Мадрид во летниот период и активностите на најдобриот фудбалер на „кралевите“, Кристијано Роналдо. Притоа со непосакувано, за македонските фанови на Реал, тврдење дека Кристијано Роналдо нема да игра на УЕФА Суперкупот кој на 8. август ќе се игра во Скопје.

Проблем за Роналдо е настапот на престојниот Куп на конфедерации кој се одржува од 17. јуни до 2. јули. Според најавите, бидејќи не е во цутот на младоста, португалскиот фудбалер од Зинеден Зидан, по 2. јули ќе добие одмор од 30 дена, со што на почетокот на август практично би се вратил на тренинзите на тимот.

По приклучувањето на подготовките, планирано е да тренира две недели пред да го има првиот официјален натпревар. Сето тоа значи дека Роналдо нема да настапи на дуелот против Барселона во Мајами на 29. јули, но и на 8. август на дуелот против Манчестер јунајтед во Скопје.

ronaldo superkup

print

Првиот натпревар на кој се планира Роналдо да се појави на терен е на 12. август на дуелот против Барселона од Суперкупот на Шпанија.

Единствена надеж, како што пренесува „Марка“, Роналдо да игра во Скопје е Португалија да испадне во групната фаза на Купот на конфедерациите, па нешто порано да добие одмор со што и порано би се појавил на подготовките на Реал Мадрид. Португалија на Купот на конфедерациите е во група со Русија, Нов Зеланд и Мексико.

Се вчитува...