Еден пораз беше доволен за дел од мадридската спортска јавност да го смени својот став околу Зинедин Зидан, посочувајќи го стратегот како главен виновник за поразот од Барселона.
„Зинедин Зидан изјави дека не жали за своите одлуки на Ел Класико, но сепак би требал да жали бидејќи овој натпревар е загубен поради него“ – пишува весникот „Марка“, кој важи за многу близок до „кралскиот клуб“.
Како главен „грев“ на францускиот стратег се зема упорното инсистирање да му даде шанса на Герет Бејл во ситуација кога Велшанецот не беше стопроцентно подготвен (во првото полувреме ја обнови повредата), иако на клупата ги имаше Асенсио и Иско, додека Лукас Васкез мечот го следеше од трибините на„Сантијаго Бернабеу“.
„Бејл во секој случј требаше да стартува на клуапата. Сепак, Зидан реши да го стави во стартниот тим, а сите добро знаеме што потоа се случи. Тврдоглавото форсирање на триотоо ББЦ (Бејл – Бензема – Кристијано) е неверојатно, зарем не се гледа дека кога се тие на теренот Реал игра со играч помалку во одбраната, а во нападот не си додаваат еден со друг. Зарем тие тројца треба со декрет да играт, а Асенсио и Иско да седат од клупата. Или пак за Лукас Васкез, кој секогаш игра добро, а сега за него немаше место ниту меѓу резервите“ – критикува мадридскиот весник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА