Лаури Марканен е прогласен за играч со најголем напредок сезонава во НБА лигата. Одличниот Финец кој сезонава беше дел од Јута Џез, доби 69 од 100 гласови за прво место, пред Шон Гилџс Александер од Оклахома Сити Тандер и Џејлен Брансон од Њујорк Никс.
Во текот на оваа сезона, Марканен имаше просек од 25,6 поени, 8,6 скока и 1,9 асистенции. Тој ја предводеше Јута, каде што пристигна од Чикаго минатото лето, по поени и скокови. За прв пат годинава настапи и на Ол- стар натпреварот. Ова е прв пат во историјата играч на Јута да ја добие оваа награда.
„Јас сум на вистинското место во вистинско време. Ова е голема награда за мене“, кратко изјави Марканен.
Лаури моментално е во својата татковина каде отслужува воен рок. Во Финска секој маж е должен да издржи воен рок до 30. година од животот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

