Новиот кошаркар на Чикаго Булс, Лаури Марканен, продолжува да импресионира со својот шут од далечина во својата „руки“ сезона. Финецот вчера по третпат надмина рекорд во лигата, и сега е единствениот кошаркар кој со најмал број на натпревари успеал да стигне до бројката од уфрлени 100 тројки во кариерата.
На Марканен му беа потребни 41 натпревари за одново да се запише во историјата, на средбата погоди три тројки од шест обиди и со вкупно 17 поени допринесе за нова победа на „биковите“ во оваа сезона.
Ниту најдобрите шутери не успеале да постигнат 100 тројки за помалку од 50 натпревари. Стеф Кари е втор на оваа листа и му беа потребни 58 натпревари, додека на Реј Ален тоа му успеа дури на 76. натпревар во неговата прва сезона во НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА