Марканен ќе ја предводи Финска на Евробаскет

Финската кошаркарска репрезентација ќе настапи на претстојното Европско првенство во својот најсилен состав.

Селекторот на Финците, Ласи Туови, објави поширок список на играчи кои би можеле да играат на првенството на стариот континент.

Списокот од овие 16 имиња гарантира дека оваа репрезентација ќе биде еден од кандидатите за највисок пласман во групата.

На списокот на Туови е Лаури Марканен, уште една НБА ѕвезда која го потврди своето учество на Евробаскетот.

Целосниот список го сочинуваат: Мустафа Амзил, Перту Бломгрен, Лаури Марканен, Ерон Еквере, Јакоб Грандисон, Андре Густавсон, Микаел Јантунен, Анри Кантонен, Миро Литл, Александар Мадсен, Лаури Марканен, Едон Мајуни, Мика Муринен, Оливие Нкамуа, Сасу Салин, Илари Сепала и Елијас Валтонен.

Финска е во група заедно со Црна Гора, Шведска, Литванија, Велика Британија и светскиот шампион Германија.

Се вчитува...