Доминацијата на Марк Маркес во Мото ГП шампионатот продолжи и на денешната трка за ГН на Сан Марино, на која шпанскиот ас повторо извозе перфектно, стигнувајќи до 11. победа на 16. овосезонска трка.
Откако вчера остана без триумф на спринтот по губењето на контролата над болидот, Маркес не дозволи такво нешто на денешната „глава“ трка. Марк ја почна трката како четвртопласиран, но експресно дојде до второто место, веднаш зад лидерот Бецеки.
Лидерот чекаше трпеливо, а на половина од трката му се укажа шанса што Маркес знаеше да ја искористи и да излезе на чело на колоната. Тој не создаде преголема предност, во последниот круг влезе со само 0,4 секунди предност на Бецеки, но Марк ја финишираше трката во голем стил, стигнувајќи до заслужена победа, вкупно 99. во кариерата.
Прашање на време е кога Шпанецот и официјално ќе биде крунисан во нов првак, тоа може да се случи веќе на наредната трка во Јапонија, на која Маркес ќе се обиде да стане и трет мотоциклист во историјата со најмалку 100 победи, по Џакомо Агостини со 122 Валентино Роси со 115.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

