Маркес е крал на спринтот во Мото ГП, ново фијаско на Бањаја

Марк Маркес ја продолжи неверојатната серија настапи на спринт-трките во Мото ГП шампионатот откако Шпанецот успеа да стигне до триумф и на денешната трка што се возеше во Австрија.

Големиот ас ги остави зад себе конкурентите, а трката ја одбележа апсолутна доминација на Шпанците кои се најдоа на трите места на пиедесталот, за дМарк беше неговиот брат Алекс Маркес, а третото место му припадна на Педро Акоста,

Трката ја одбележа и новото фијаско на Бањаја, кој очајно стартуваше и падна од 3. на 14. место откако за момент ја загуби контролата над моторот.

За Марк Маркес ова беше 12. спринт-победа сезонава на вкупно 13 вакви трки досега во Мото ГП Шампионатот. Поранешниот првак е многу блиску до нова титула ако се знае дека моментно има дури 123 бода повеќе од второпласираниот Алекс Маркес.

Се вчитува...