Маркес незапирлив на јубилејот, катастрофа за Пако Бањаја

Марк Маркес го продолжува маршот кон нова титула во Мото ГП шампионатот откако Шпанецот лесно и убедливо триумфираше на денешната трка на патеката Муџело, откако вчера беше најдобар и на спринтот на истата патека.

Денешното издание воедно беше и јубилејна 100. пол-позиција во кариерата на Маркес, во која повеќекратниот првак стигна и до 93. победа во кариерата, симболично ако се знае дека го вози моторот со број 93 и оваа натпреварувачка сезона.

Тој ја заврши денешната трка пред својот брат Алекс Маркес на втората позиција, додека третопласиран бепе Фабио ди Џанантонио од тимот на ВР46. Четвртата позиција му припадна на тимскиот колега на Марк, Франческо Пако Бањаја, кој има за што да жали.

Имено, Бањаја одлично стартуваше, успеа дури и да го мине Маркес, но во четвртиот круг дојде до контакт меѓу двата мотори, подебелиот крај го изведе Бањаја кој падна на третата позиција, а до крајот и на четвртото место на оваа трка.

Се вчитува...