Маркез до нова пол-позиција, Бањаја до нов срам во Мото ГП

Неверојатниот Марк Маркез стигна до нова пол-позиција во Мото ГП шампионатот, овојпат на трката за ГН на Унгарија. Маркез до пол-позиција стигна со доминантно возење, пред Марко Беѕеки на Априлија. Од првиот ред заедно со нив ќе стартува Фабио Диџантонио додека во топ 10 се најдоа уште и: Бастијанини, Морбидели, Квартараро, Акоста, Алдегер, Марини и Мир.

Нови катастрофални квалификации имаше Франческо Бањаја кој денешниот спринт и главната трка утре ќе ја стартува од 15. позиција, додека актуелниот шампион Хорхе Мартин ќе тргне од 17. позиција.

Спринт трката е денеска со почеток во 15 часот.

Се вчитува...