Маркез доминантно на спринт-трката во Унгарија

Возачот на Дукати, Марк Маркез стигна до нова победа во спринт трките сезонава откако денеска беше доминантен на патеката Балатон во Унгарија.

Откако нешто порано ја освои пол-позицијата, Шпанецот стигна до доминантна победа на спринт трката. Второто и третото место му припадна на двоецот од ВР46 Фабио Диџантонио и Франко Морбидели.

Во топ 10 се најдоа уште и: Марини, Алдегер, Мир, Алекс Маркез, Беѕеки, Мартин, Пол Еспаргаро. Франческо Бањаја повторно беше катастрофален завршувајќи на 13. место.

Се вчитува...