Бранителот на титулата во Мото ГП шампионатот, возачот на Хонда, Марк Маркез доминантно триумфираше на трката за Големата награда на Франција на Ле Ман. Зад него останаа возачите на Дукати, Довициозо и Петручи кои ги пополнија останатите две места на победничкиот подиум.
Маркез и ја донесе на Хонда 300-та победа во трките од „кралската класа“. Шпанецот е водечки во генералниот поредок, тој денеска дојде до третата победа на последните четири трки од сезоната.
Следното натпреварување е по две седмици, мотоциклистите ќе се борат за трофејот на трката за Големата награда на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА