Марк Маркез продолжува да ита кон нова титула во Мото ГП шампионатот откако шпанскиот ас стигна до триумф и на трката за ГН на Германија. Шпанецот делува недопирливо на патеката „Заксенринг“ со години наназад, па денешниот триумф беше деветти за него во серија на германското гран-при, како најдобар доказ зошто оваа трка му е омилена на актуелнито светски првак.
Зад него на второто место се најде Валентино Роси, додека третото место му припадна на Маверик Вињалес, кој во последниот круг го мина Петручи за место на пиедесталот.
Маркез со оваа победа се зацврсти и на првото место зголемувајќи ја предноста во однос на Валентино Роси на 46 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА