Маркез е претплатен на победи во Мото ГП шампионатот

Марк Маркез продолжува со извонредните резултати во Мото ГП шампионатот од почетокот на годинава, откако осумкрантниот светски шампион успеа да триумфира и на трката што се возеше на патеката „Лусаил“ во Катар.

Шпанецот стигна до третата победа на четирите досегашни, вкупно седми подиум за него ако се знае дека Маркез доминираше и на четирите спринт-изданија од сстартот на сезонава. Тој се соочи со проблеми на стартот од денешната трка по судирот со Алекс, но Марк набрзина се консолидираше, ја чекаше својата шанса и на седум круга до крајот успеа да го мина Вињалес и да излезе на чело на колоната.

Штом тоа се случи, Маркез не дозволи никакво изненадување до крајот, стигнувајќи до победата пред Вињалес а второто и Франческо Бањаја на третото место.

Се вчитува...