Марк Маркез по тестирањето во Малезија изјави дека физички се чувствува подобро во споредба со претходните две години во кои се мачеше со повреди и операции… Сега Шпанецот е поподготвен, но не е најзадоволен од тоа како неговиот мотор изгледаше на тестирањето на патеката Сепанг.
„Беше многу заморно, но се надевам дека и беше корисно. Кога возев добро, времињата беа добри, но далеку од најдобри. Позадоволен сум од мојата физичка состојба отколку од моторот. Ова не е мотор со кој се освојува титула. Ми треба уште еден чекор. Не можеме да донесеме три мотори во Портимао и да ги тестираме. Важно е да изберете еден правец, еден мотоцикл. Истото се случи и со моторот во Валенсија. Истиот концепт, истите проблеми. Сега е време да се поправи. Не знам како, само ги давам моите впечатоци“, изјави Маркез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА