Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, потпиша нов двегодишен договор со тимот на Репсол Хонда, продолжувајќи ја соработката до 2020 година. 25-годишниот возач со новиот договор ќе продолжи да соработува со тимот кој во 2013 година му ги отвори вратите на Мото ГП трките.
Шпанецот истакна дека сака да ја продолжи соработката со Хонда по завршувањето на сезоната 2017 во која по четврти пат стана светски првак, и покрај тоа што имаше интерес за неговите услуги од неколку ривали.
Маркез е вториот возач од елитата на Мото ГП кој потпиша договор непосредно пред почетокот на новата сезона. Maверик Виналес продолжи уште две години со Јамаха, се чека неговиот колега Валентино Роси да стави потпис на уште еден едногодишен договор, додека дуото на Дукати, Довисиозо – Лоренцо, исто така се очекува да ги продолжат договорите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА