Водечкиот во генералниот пласман и еден од најдобрите мотоциклисти на сите времиња, Марк Маркез ја прекина низата од осум победи во низа во спринт трките во Мото гп шампионатот, откако не ја заврши денешната на патеката Мизано во Сан Марино.
Откако стартуваше како четврти Марк беше одличен на почетокот на трката, па негде по половина успеа да го мине Беѕеки. И кога се изгледаше дека Шпанецот ќе дојде до нова победа, направи голема грешка и заврши надвор од патеката.
Сето ова го искористи Беѕеки кој на крајот стигна до победата пред помладиот брат Маркез, Алекс. Подиумот го надополни Фабио Диџантонио.
Главната трка на програмата е утре со почеток во 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

