Марк Маркез ги потврди стравувањата дека повредата што ја заработи на денешата трка во Индонезија е од посериозна природа. Станува збор за фрактура на десната клучна коска, а по деталните прегледи во текот на утрешниот ден во Мадрид ќе има и подетални прогнози околу отсуството на новиот првак во Мото ГП шампионатот.
„Чувствувам дека нешто е скршено. Планот е да отидам во Мадрид, да ја поправиме клучната коска, ќе видиме што ќе кажат лекарите“, изјави Маркез.
Шпанецот настрада по една грешка на Марко Бецеки, кој најпрвин предизвика судир меѓу моторите, а потоа за малку и ќе го прегазеше светскиот првак.
„Ова е тркање и вакви работи се случуваат. Некогаш се случуваат повреди на возачи кои не се виновни за инцидентите, но никој не прави вакви работи намерно. Се слушнав со Бецеки, веднаш ми се јави за да ми се извини“, открива Марк Маркез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

