Маркез конечно на мотор, два месеци по операцијата

Актуелниот Мото ГП шампион, Марк Маркез, пред два месеци имаше операција на рамото и дури сега повторно успеа да вози мотор. Шпанецот кој супериорно ја освои титулата во минатата сезона имаше сериозни проблеми со левото рамо, кое буквално му излезе на трката во Валенсија.

По операцијата тој соопшти дека и натаму чувствува специфична болка. Извесно е дека нема да биде подготвен за претсезонските тестирања во Сепанг од 6. до 8. февруари.

„Ова ми беше потребно“ – изјави Маркез кој сепак објасни дека и натаму има проблем со болката, но фактот што успеал да вози мотор ќе го држи расположен на долгиот пат до Малезија.

 

Се вчитува...