Возачот на Гресини, Алекс Маркез, е победник на трката од МОТО ГП шампионатот за Големата награда на Каталуња.
Алекс Маркез ја освои втората победа оваа сезона и во својата кариера на патеката „Каталуња“.
Возачот на Дукати, Марк Маркез, го освои второто место, со што ја прекина својата серија од седум едноподруго победи, додека Енеа Бастијанини од Ред Бул КТМ заврши трет.
Четвртото место на трката го освои Педро Акоста, а бодови освоија и Фабио Куартараро, Аи Огура, Франческо Бања, Лука Марини, Мигел Оливеира, Хорхе Мартин, Раул Фернандез, Жоан Мир, Маверик Вињалес, Џек Милер и Фермин Алдегуре.
Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 487 бода, Алекс Маркез е втор со 305, а Бањаха е трета со 237.
Следната трка во шампионатот на Мото ГП ќе се одржи на 14 септември за Големата награда на Сан Марино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

