Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез мораше повторно да оди на операција, десет дена откако веќе ја оперираше надлактицата. Имено, лекарите ја поправија неговата плочка која беше оштетена.
Тој ќе мора да почека 48 часа за докторите да оценат дали ќе може да се врати на патеката, но дефинитивно ќе мора да ја пропушти и трката за Големата награда на Чешка која ќе се вози на патеката во Брно. Хонда објави дека светскиот првак нема да може да настапи на следната трка, а неговото место ќе го заземе Штефан Брадл.
Маркез се обиде да се врати на трката во Херез, но по еден извозен круг во квалификациите сфати дека повредата е озбилна се откажа од трката. За потсетување тој скршеницата ја заработи на првата трка сезонава која исто така се возеше во Херез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА