Тензичната релација меѓу легендата Валентино Роси и шампионската ѕвезда Марк Маркез е едно од обележјата на поновата историја во Мото ГП. Сепак мотоциклистите се поздравија по победата на Шпанецот на трката во Аргентина, а за овој гест зборуваа на официјалната прес конференција во пресрет на гран-при Америкас во Тексас.
„Беше вистинскиот момент за тоа. Беше како да имате девојка и првпат ја бакнувате. Бевме сами и се поздравивме. Никогаш не сум имал проблем да имаме однос на почит меѓусебе“ – вели Маркез.
Проблематичниот однос меѓу Роси и Маркез датира од 2015 година од инцидентот на трката во Сепанг. Имаше неколку обиди за помирување, а Роси еднаш дури и одби да се ракува со помладиот колега.
„Навистина беше вистинскиот момент за тоа. Му честитав на одличната трка и брзото возење. Сметам дека ова е нормално“ – рече Роси.
Марк Маркез оди во Тексас на трката која е буквално негова територија. Тој победи на сите изданија откако оваа трка влезе во календарот во 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА