Маркез првпат сезонава остана без пол-позиција (ВИДЕО)

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, победи во квалификациите за Големата награда на Шпанија во мото-шампионатот.

Квартараро го извози најбрзиот круг за 1:35.610 минути, што е најдобриот резултат на оваа патека. Марк Маркез од Дукати не успеа да ја освои пол-позицијата за прв пат сезонава, бидејќи беше за 33 илјадитинки побавен.

Вториот возач на Дукати, Франческо Банџаја, заврши на третата позиција.

Спринт трката (12 круга) е закажана за денеска од 15 часот, додека главната трка започнува в недела во 14 часот.

Да потсетиме, Марк Маркез е водечки во генералниот пласман со 123 бода, 17 повеќе од неговиот брат Алекс, односно 26 повеќе од неговиот клупски колега Франческо Бањаја.

Се вчитува...