Шесткратниот светски шампион во класата Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез е ставен на списокот на возачи за претстојното Гран При на Катар, со кое на крајот на месецот ќе започне новата сезона на Светскиот шампионат во мотоциклизам.
Познато е дека Шпанецот ја скрши десната надлактица на Шпанското ГП во Херез, по што трипати беше опериран, со цел да ја санира скршеницата.
Последната беше направена во декември, по што лекарите рекоа дека на Маркез ќе му треба половина година за целосно закрепнување, па дури после ќе може да размиослува за враќање на патеката. Сепак, вчера, самиот возач на Репсол Хонда, изјави дека е многу близу до враќање на мотоциклизмот. Денес, неговиот тим исто така го потврди тоа, ставајќи го на списокот на потенцијални учесници на Големата награда на Катар, што ќе се одржи на 28 март на патеката Лосаил.
Ако Маркез навистина се врати на патеката тогаш, тоа ќе биде негово прво појавување по трката за ГН на Андалузија минатиот јули, кога Маркез се обиде да се врати на патеката.
A notable name on the provisional #QatarGP Entry List! ?
Could we see @marcmarquez93 at the season opener? ?#MotoGP | ?https://t.co/eZ49kfDvb0
— MotoGP™? (@MotoGP) March 9, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА