Маркез скапо ја плати шампионската прослава

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез ја освои петтата шампионска титула во Мото ГП шампонатот, но заработи бизарна повреда на рамото бурно прославувајќи го успехот. Ентузијастичката прегратка, по осмата сезонска победа, на трката во Јапонија, со тимскиот колега од Хонда, Британецот Скот Ридинг, го чинеше Маркез изместување на рамото.

„Рамото едноставно излезе. Влијанието на адреналинот придонесе да не ме боли, но ќе морам да внимавам малку повеќе“ – изјави Маркез.

25-годишниот Шпанец со пет титули во топ класата се израмни со Мик Дуан. Пред него според бројот на трофеи се само уште Валентино Роси кој има седум и Џакомо Агостини со осум.

Марк Маркез ја одбрани титулата во „кралската класа“ на три трки пред крајот на шампионатот.

 

 

Се вчитува...