Шпанецот Хонда, Марк Маркез стигна до нова победа во кралската класа во светскиот шампионат во мотоциклизам.
Тој на трката во Брно, која поради променливите временски услови за патеката почна 40 минути подоцна, а наместо предвидените 21 круг се возеше еден помалку до јубилејната 50. победа во кралската класа стигна со доминантно возење во текот на целата трка. Второто место го освои Италијанецот од Дукати, Андреа Довициозо, додека како третопласиран заврши Британецот Прамак Рејсинг, Џек Милер.
Во генералниот пласман Маркез ја зголеми предноста на 63 бода пред второпласираниот Андреа Довициозо. Следната трка во календарот е закажана за следната седмица, а ќе се вози за ГН на Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА