Маркез: Заборавив дека сум светски шампион

Гала вечер во Валенсија беше идеална можност за новинарите во Европа повторно да разговараат со шампионот во Мото ГП, Марк Маркез.

Тој се врати на тронот по шест години, но ги пропушти последните трки од сезоната.

„Опоравувањето оди добро, но ќе биде долга зима. Можам да го почувствувам тоа. Направив физиотерапевтска програма. Подготвен сум за сè што претстои. Многу ми помага што повторно сум тука. Уживав во трката во Валенсија. Кога си дома, забораваш како е да си на патеката. Бев дома и заборавив дека сум шампион. Ме потсети тоа чувство овде. Ќе уживам во оваа церемонија“, вели светскиот шампион.

Се вчитува...