Бразилскиот дефанзивец Маркињос, кој најавуваше дека ќе си замине од Пари Сен Жермен, сепак, ќе остане на „Паркот на принцовите“ и во наредните четири години. Тој успеа да се договори со раководството на клубот за нова долгогодишна соработка, а многу поинаку гледа на проектот на ПСЖ откако на кормилото е тренерот Унаи Емери. Тој му дава многу поголема минутажа, што беше и главниот проблем за Маркињос во изминатиот период.
Според информациите од Франција, агентот на Бразилецот ги договорил речиси сите детали за продолжување на договорот, а тој би требало да биде потпишан и официјално потврден во наредните неколку дена. За Маркињос сериозен интерес покажуваа Барселона, Челси и Манчестер јунајтед, но тој уште долго ќе остане во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА