Поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркисио, доживеа вистинска драма во домот во Торино. Неговата куќа се најде на мета на крадци кои вперија пиштол во неговото лице и му се заканија дека ќе го убијат него и сопругата доколку не им даде се што е вредно во домот.
Немилиот настан се случи во вторникот навечер, а полицијата се уште трага по лицата кои го извршија грабежот. Поранешниот член на Јувентус се уште е потресен од целата ситуација, а за медиумите во Италија изјавил дека првпат во животот видел како изгледа вистински пиштол.
„Ми вперија пиштол во лицето. Тоа беше едно ужасно искуство бидејќи првпат во животот видов вистински пиштол. За среќа бевме прибрани со сопругата. Им дадовме што сакаат и заминаа. За среќа нашите деца во тоа време беа на тренинг и не беа во куќата“, изјави Маркисио.
Маркисио неодамна ја заврши активната фудбалска кариера. Тој најголемиот период го помина во Јувентус, а покрај за тимот од Торино настапуваше и за Емполи и Зенит Санкт Петербург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА