Маркизио бира меѓу Шпанија и Франција

Клаудио Маркизио веќе неколку години не беше стандарден во првиот тим на Јувентус, па одлуката за заминување и не беше преголемо изненадување. „Старата дама“ му излезе во пресрет и му даде раскин на договорот, откажувајќи се од отштета при следниот трансфер на Маркизио, па сега пред искусниот играч за врска е интересен избор каде да ја продолжи кариерата.

Севилја е клубот што му нуди на италијанскиот ас шанса за преселба во Примера. Испратена е понуда за тригодишна соработка, а воеднo на Маркизио би му бил понуден и првотимски статус, со оглед на заминувањето на Нзонзи во Рома.

Најсериозен ривал на Севилја е Монако, клуб што исто така испрати богата понуда до Маркизио во исчекување на неговата одлука. Во ситуација кога Мутињо е продаден и „кнезовите“ би му понудиле првотимски статус на екс-фудбалерот на Јувентус, кој најавува дека токму тоа му е приоритет.

Трета опција е францускиот првак ПСЖ, кој најверојатно ќе го продаде Рабио, па на негово место го планира токму искусниот италијански фудбалер. Во преговорите е вклучен и Буфон, па интересно ќе биде дали искусниот голман ќе го убеди својот долгогодишен соиграч да му се приклучи на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...