Поранешниот шпански репрезентативец Марко Асенсио прифати нов предизвик во кариерата. Во новата сезона искусниот фудбалер ќе настапува за Фенербахче откако турскиот тим договори негов трансфер од ПСЖ.
Очекувањата се дека поранешниот фудбалер на Реал Мадрид денеска ќе слета во Истанбул каде по медицинските прегледи и официјално ќе биде промовиран во нов фудбалер на турскиот гигант.
Покрај Асенсио се очекува и трансферот на бразилскиот голман Едерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

